Амурска Плоча
Амурска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка. Плочата е нарчена по реката Амур, која ја образува границата помеѓу Рускиот Далечен Исток и североисточна Кина. На север, запад и југозапад се граничи со Евроазиската Плоча, на исток со Охотската, на југоисток со Филипинската долж Сурушката Бразда и Нанкајската Бразда, потоа со Окинавската и Јангцекјаншката Плоча.[1] Можно е Амурската Плоча да е одговорна за земјотресот во Хајченг во 1975 г. и оној во Тангшан во 1976 г., двата во Кина. ГранициАмурската Плоча е микроплоча, дел од од Евроазиската, со непозната западна граница. На југ е оградена од Ќинлингшката шевна зона во средна Кина и Бајкалската Раседна Зона и Становојските Планини на север.[2] Бајкалската Раседна Зона се смета за граница помеѓу Амурската и Евроазиската Плоча. Мерењата со ГПС покажуваат дека плочата бавно се врти надесно. Границата меѓу Охотската Плоча е источната граница на Јапонското Море.[3] ГеографијаПлочата ги зафаќа североисточна Кина, Корејскиот Полуостров, Јапонското Море, Шикоку, Кјушу, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), источна Монголија и југот на Рускиот Далечен Исток. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia