Филипинска Плоча
Филипинска Плоча — тектонска плоча што се состои од океанска литосфера сместена под Филипинското Море, источно од Филипините. Највеќето делови од Филипините, вклучувајќи го северен Лусон, се дел од Филипинскиот Подвижен Појас, кој е геолошки и тектонски независен од Филипинската Плоча. Плочата е обиколена претежно со приближувачки граници:[1] На север се граничи со Охотската Плоча во Нанкајскиот Ров. Филипинската, Амурската и Охотската Плоча се среќаваат кај планината Фуџи во Јапонија. Задебелената кора на Изубонинскомаријанскиот лак која се судира со Јапонија ја сочинува Изуската Судирна Зона. Истокот на плочата ги опфаќа островските групи Изу, Огасавара (Бонин) и Мариканските Острови, сочинувајќи го Изубонинскомаријанскиот лачен систем. Има раздвојувачка граница помеѓу Филипинската Плоча и малата Маријанска Плоча на која лежат Маријанските Острови. На исток Тихоокеанската Плоча се подвлекува под Филипинската во Изуогасаварскиот Ров. На југ Филипинската Плоча се граничи со Каролинската и Птицоглавската. На запад Филипинската Плоча се подвлекува под Филипинскиот Подвижен Појас во Филипинскиот и Источнолусонскиот Ров. На северозапад плочата се допира до Тајван и Нансејските Острови на Окинавската Плоча, како и јужена Јапонија на Амурската Плоча. На северозапад се допира со Јангцекјаншката Плоча. ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia