Љубан
Љубан или Либан (грчки: Σκαλωτή, Скалоти[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 48 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 940 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Љубан се состоел од 70 семејства и 180 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 македонски муслимани[5]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 609 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 423 луѓе[6]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Скалоти[7]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 26 грчки бегалски семејства со вкупно 125 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 125 лица, додека во 1940 година селото броело 276 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 179 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 219 жители, во 1971 година имало 77 жители, во 1981 година имало 60 жители, додека во 1991 година имало 131 жител[6]. На поисот од 2001 година се забележани 84 жители, за во 2011 година да се накачат на 102 24 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia