Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 612 лица.[9]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Монастираки[10].
Места во заедницата Дреново преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година
Во 1928 година во селото биле населени 24 грчки бегалски семејства со вкупно 109 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 676 лица, додека во 1940 година селото броело 707 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 718 жител, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 670 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[13]. Денеска, населението на селото е 785 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
707
676
718
647
670
710
781
785
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија