Попово Село (Драмско)Оваа статија се однесува на за село во Драмско. За за историското село во Ениџевардарско, погл. Попово Село (Ениџевардарско).
Попово Село (грчки: Παππάδες, Пападес[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 37 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 590 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Попово Село се состоело од 42 семејства и 120 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 380 македонски муслимани[5]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 533 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 359 луѓе[6]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Пападес[7]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 49 грчки бегалски семејства со вкупно 175 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 175 лица, додека во 1940 година селото броело 318 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 513 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 142 жители, во 1971 година имало 62 жители, во 1981 година имало 21 жител, додека во 1991 година имало 54 жители[6]. Денеска, населението на селото е 35 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia