Орманли (Драмско)
Орманли (грчки: Πολύκαρπος, Поликарпос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Драма, на надморска височина од 800 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 399 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 259 луѓе[4]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Поликарпос[5]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 37 грчки бегалски семејства со вкупно 100 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 100 лица, додека во 1940 година селото броело 160 жители. Селото најверојатно настрадало од Граѓанската војна во Грција и во следните пописи не се споменува, сè до 1991 година кога биле евидентирани 48 жители[4]. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia