Ловчишта
Ловчишта или Ловча (грчки: Καλλίκαρπο, Каликарпо[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 46 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 660 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ловчишта се состоело од 48 семејства и 125 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 390 македонски муслимани[5]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 513 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 410 луѓе[6]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Каликарпо[7]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 40 грчки бегалски семејства со вкупно 144 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 144 лица, додека во 1940 година селото броело 181 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 58 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 112 жители, во 1971 година имало 46 жители, во 1981 година имало 25 жители, додека во 1991 година имало 26 жители[6]. Денеска, населението на селото е 24 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia