Осеница
Осеница (грчки: Σιδηρόνερο, Сидиронеро[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 38 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 630 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Осеница се состоело од 90 семејства и 260 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 735 македонски муслимани[5]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 857 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 332 луѓе[6]. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Сидиронеро[7]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 100 грчки бегалски семејства со вкупно 332 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 332 лица, додека во 1940 година селото броело 494 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 423 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 477 жители, во 1971 година имало 393 жители, во 1981 година имало 219 жители, додека во 1991 година имало 274 жители[6]. Денеска, населението на селото е 228 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia