Ени Чифлик (Драмско)За други истоимени места, погледајте Ени Чифлик.
Ени Чифлик (грчки: Νέα Σεβάστεια, Неа Севастија[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 39 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 41 метар. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 Турци и 150 жители Македонци[3][4]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, селото не е евидентирано. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Неа Севастија[5]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле населени 64 грчки бегалски семејства со вкупно 230 луѓе.[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 309 лица, додека во 1940 година селото броело 520 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 615 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 645 жител, во 1971 година имало 429 жители, во 1981 година имало 490 жители, додека во 1991 година имало 469 жители[7]. Денеска, населението на селото е 518 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia