Љубница (река)
Љубница (Љумница или Љумничка Река[1]; грчки: Νεροφάγωμα) — река во Мегленско, Егејска Македонија и Гевгелија во Р Македонија. Реките Црна и Љубница го оцртуваат источниот дел на планината од запад и од исток. Во северна насока планината се нарекува Грипа или Мајадаг,[2] (Νεροφάγωμα)[3] а во јужен правец планината се спушта стрмно кон Гуменџе и Ениџе Вардар, каде се наоѓа највисокиот врв на планината Гандач.[1][2] Реката извира од северниот дел на планината Пајак, образувана од неколку потоци што извираат северно од врвовите Јаребична и Мусов Гроб. Тече под влашкото името Валија Мади во источен правец. Минува северно од селото Љумница (Љубница), каде е наречена Вале Мари. Свртува на север, ја прима поголемата притока Пистирика и повторно зазема источен правец под името Дрок, а потоа како Мала Река. Ја сече границата источно од пирамидата бр. 64 и се влева во Конска Река јужно од Гевгелија.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia