Грамоштица
Грамоштица[1] (Грамоска Река[1], Грамош[2] или Корнишорска Река[2]; грчки: Γραμμος) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија. Реките Мегленица и Грамоштица го обликуваат западниот дел на планината Пајак, одделувајќи ги од запад и исток главниот врв Пајак (1.460 м), Црвена Бара (1.050 м) и Проса (980 м). Средишниот дел на планината се издвојува од Грамоштица на запад и Црна Река од исток. Во овој дел се врвовите Поглед (1.650 м), Бајраците (1.420 м), Голата Чука (1.307 м), Кашпот (1.300 м), Гацови Митеризи и други.[1][3] Грамоштица (Грамоска Река), која тече на југ и е притока на Колудеј, го двои Поглед на исток од помалиот масив Метеризи на запад.[4] Реката извира под името Грамада северно од врвот Паприте (1.355 м). Тече во југоисточен правец. Минува источно од Корнишор, излегува на Солунското Поле и кај возвишението Кумарката (327 м) врти на југ. Тука на грчки е позната како Ксиропотамос. Проаѓа меѓу К’шлар на запад и Крушари на исток, а потоа меѓу Ново В’дришта на исток и В’дришта на запад, за потоа да се влее во каналот Балица, притока на Колудеј, западно од Балџа.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia