Суровичка Река
Суровичка Река (грчки: Ρέμα Αμύντα) — река во Леринско, Егејска Македонија. Наречена е по градот Суровичево низ кој поминува.[1] МестоположбаРеката се наоѓа во југоисточниот дел на Леринскиот округ и претставува одливен водотек од Рудничкото Езеро и завршува во Петерското Езеро на североисток. Во голема мера уште поодамна го изгубила природното корито со изградбата на големата каналска мрежа за наводнување во регионот. Има вкупна должина од 15,5 км со правец југозапад-североисток. Околу реката е рамницата Сариѓол со големи обработливи површини. Суровичка Река почнува од северниот брег на Рудничкото Езеро. Кај селото Сотир конечно влегува во природното корито. Минува западно од Суровичево и се влева во Петерското Езеро.[1] Флора и фаунаПо течението на реката се застапени извонредно голем број на растителни и животински видови, и покрај тоа што нивните живеалишта веќе долго време страдаат од загадувањето пестициди, индустриски отпад и домашни фекалии. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia