Зилјана
Зилјана (грчки: Ζηλιάνα или Ζυλιάνα и Ζιλιάνα) — река во Лариско, Тесалија и Катеринско, Егејска Македонија.[1] Реката се образува од потоци кои се спуштаат од западот на Олимп во котлина југозападно од лариското село Карија на 900 м.н.в., при што најдолгиот од нив извира северно под врвот Годаман (1.360 м). Зилјана тече најопшто во североисточен правец, и коритото ѝ преминува во шумовит дол каде живеат диви свињи. Спуштајќи се, таа уште повеќе се стеснува и се продлабочува. Излегува во Пиериската Низина северно од Скотина (веќе во Егејска Македонија) и се влева во Солунскиот Залив јужно од Лептокарија.[1] Сливот зафаќа површина од 169,1 км2 и во него има само 4 населени места — Карија и Скамња во Општина Еласона и Скотина и Горна Скотина во Општина Дион-Олимп. Највисоката точка во сливот е врвот Метаморфоси (2.697 м). Најполноводна е има кога се топат снеговите, и при силен дожд со себе носи камења и дрва, а понекогаш и се прелева и го поплавува подрачјето на Скотина.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia