Галик
![]() Галик (грчки: Γαλλικός, Галикос) — река во централниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција), со должина од околу 60 километри, а сливот ѝ зафаќа површина од 930 км2. Реката извира од јужните падини на планината Круша, тече во јужен правец, па минува крај градотКукуш и се влева в Солунскиот Залив меѓу с. Текелиево (Синдос) и Солун. Заедно со почетните водотеци, реката е долга вкупно 65 километри. По реката е крстена и поранешната општина Галик. Во Грција, покрај „Галикос“ се користи и древното име „Ехедор“ (Εχέδωρος, Ехедорос), по кое е наречена и поранешната општина со центар во Текелиево.[1] Се смета дека нејзиното име доаѓа од населба на Галите, наречена Галикум, основана на местото на подоцнежниот Кукуш; името се зачувало во тој облик и по завршувањето на римското владеење.[2] Галик минува и крај Лагадинското Поле, каде солинските сртови продолжуваат во Круша и го делат коритото на Галик од полето.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia