Спанч
Спанч (грчки: Σπανός, Спанос) — река во Кукушко, Егејска Македонија, лева притока на Галик.[1] Долга е 31 км. ТечениеРеката извира од источните падини на планината Круша (планина), на надморска висина од 640 м североисточно над селото Фанарли. Зазема југозападен правец, минува јужно од селото, а потоа тече низ Шемница. Потоа се упатува на југ, и откако ќе ги одмине Алексово и Касамли од исток, проаѓа источно и јужно од Грамадна. Проаѓа низ Стрезово од исток и Сеслово од северозапад, и тука меѓу овие две села се влева во Галик. ОписСпанч е најголема притока на Галик според количината на вода. Полноводноста на Спанч е сезонски зависна од количината на врнежи од дожд и стопен снег од планината Круша. Често пресушува во летниот период, но набргу почнува да тече кога ќе почнат врнежите.[2] На брегот на Спанч, североисточно од Кукуш се наоѓа манастирот „Св. Нектариј Спанчовски“, наречен по реката. Теренска обукаВисоко над Стрезово крај Спанч се терените за обука за теренско возење и специјални испити. Оваа обука подразбира преминување на реката и поминување на бројни специјални крајречни препреки. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia