Црна Река (Егејска Македонија)За реката во Вардарска Македонија, видете Црна Река.
Црна Река (Бојмија Дере, Бојмица или Бојмичка Река[1]; грчки: Στραβοπόταμος)[2] — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија. Реките Грамоштица и Црна, како и помалата Валеараци го оцртуваат среднишниот дел на планината од запад и од исток. Во овој дел се врвовите Поглед (1.650 м), Бајраците (1.420 м), Голата Чука (1.307 м), Кашпот (1.300 м), Гацови Митеризи и други. Источниот дел на планината е сместен меѓу Црна Река и Љубница.[1][3] Реката започнува под името Мирџана во источниот дел на планината Пајак, но вистински се образува во котлината на Голема Ливада од неколку мали потоци кои извираат под врвовите Јуручка и Круска. Тече на исток, подвојувајќи ги северниот и јужниот дел на Пајак. Јужно под врвот Паларци (729 м) свртува на југоисток и минува западно крај селото Црна Река наречено по неа. Во овој дел на грчки се нарекува Мавро Рема, што е превод на македонското име. Кога ќе излезе од планината северно од градот Гуменџе ја прима првата поголема притока, Голема Река (десна), па свртува на североисток. Под возвишението Алба Катра (192 м) повторно свртува на исток. Тука се нарекува Голема Река (Мегало Потами). Ја прима левата притока Латомирица, па кај селото Горгопик свртува на југоисток. Овде се нарекува Горгопска Река. Северно од селото Валгаци пак свртува на исток и се влева во Вардар.[4] Притоки→ лева, ← десна
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia