Алпај Озалан
Алпај Озалан (роден на 29 мај 1973, во Измир) — турски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. По завршувањето на играчката и тренерската кариера станал политичар.[1] Клупска кариераОзалан својата кариера ја започнал во 1992 година, со екипата на Алтај. Само една година подоцна, тој се преселил во Бешикташ, една од трите најуспешни турски екипи. Тука тој останал шест сезони: одиграл 148 натпревари во првата лига на Турција, постигнал 9 голови и освоил едно првенство (во 1994-1995) и два национални купа. Во 1999 бил продаден на Фенербахче, за кој одиграл една сезона (26 превенствени натпревари и 3 гола) пред да се пресели во странство. После одличните настапи за својата земја на Европското првенство 2000, Озалан потпишал за англиската Астон Вила што му овозможило да настапува во Премиер лигата, едно од најсилните првенства во светот. Тој останал во Вила три и пол сезони. Сепак, по одличната прва сезона во клубот уследиле проблеми со повреди во следната, а потоа и несогласувања со менаџерот Греам Тејлор и со раководството на клубот по што во октомври 2003 година му бил раскинат договорот. Откако станал слободен играч многу екипи од Европа биле заинтересирани да го доведат Озалан во својте редови, но тој не сакал да чека до јануари кога требало да биде отворен трансферниот прозорец во Европа, и поради тоа се согласил да потпише договор со јужнокорејскиот Инчеон Јунајтед. Во 2005 година, тој заминал во Јапонија, каде кратко играл за Урава Ред Дајмондс, а во летото истата година се вратил во Европа. Тој потпишал за екипата на Келн за која играл три години, пред да ја заврши кариерата, што се случило на крајот од сезоната 2007-2008. Репрезентативна кариераЗа турската репрезентација во периодот од 1995 до 2005 година, Озалан одиграл 90 натпревари и постигнал 4 гола. Три од неговите четири гола ги постигнал во натпреварот против Македонија (3-3) во квалификациите за Светското првенство 2002 што бил неговиот прв и единствен хет-трик во кариерата. Тој ја претставувал својата земја на две Европски првенства (1996 и 2000), на Светското првенство 2002 и на Купот на конфедерации 2003. Неговиот последен настап за Турција датира од 16 ноември 2005, за време на реванш натпреварот од баражот за Светското првенство 2006 против Швајцарија. Швајцарија, која победила на домашен терен со 2-0, загубила во Истанбул со 4-2, но сепак се квалификувала на првенството поради правилото за гол во гости. По завршувањето на натпреварот избило тепачка помеѓу турските и швајцарските фудбалери. Неколку месеци подоцна, во февруари, ФИФА ги објавила санкциите: Алпај (кој сепак веќе ја напуштил репрезентацијата) бил казнет со шест натпревари не играње.[2] Хронологија на репрезентативните настапиТренерска кариераПо завршувањето на играчката кариера, Озалан станал тренер а првото работно место го имал во второлигашот Ескишехирспор на чија клупа седнал во јули 2016. Сепак, во февруари 2017 тој бил отпуштен по тешкиот пораз на домашен терен од Манисаспор со 1-5.[3] Потоа, тој кратко време од 11 август до 28 септември 2017 ја водел екипата на Самсунспор, која се натпреварувала во истата лига. Последно тој бил селектор на турската репрезентација под 21 година, која ја водел во само два натпревари со половичен успех една победа и еден пораз. Тренерска статистикаСтатистиката е ажурирана на 28 март 2020. Клубови
Репрезентации
Титули
Политичка кариераНа 24 јуни 2018 година тој бил избран од Големото национално собрание на Турција каде што се кандидирал за Партијата за правда и развој. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia