Балејка
Балејка (грчки: Μπαλαίικα) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2011). Ова не е традиционално село, туку никнало како сточарска населба во XX век.[2] ГеографијаСелото се наоѓа во областа Вардарија, недалеку на југозапад од Коритен (Ѓордино) и 30 км северозападно од Солун. Лежи крај самиот пат кој води од Солун за Кукуш.[2] ИсторијаНаселбата за првпат се среќава во пописот од 1928 г. под името Ливадион, со население од 58 жители. Во 1940 г. местото е веќе заведено како село Балејка, во кое тогаш живееле 57 лица.[2] Се смета дека селото настрадало во Грчката граѓанска војна и било напуштено, бидејќи отсуствува на пописот од 1951 г. Подоцна сточарско население се повратило во Балејка, така што во 1961 г. 60 лица, намалувајќи се на 51 во 1971 и 48 во 1981 г. Во 1991 г. населението се зголемило на 58 жители,[2] за повторно да се смали на 33 во 2001 и 35 во 2011 г. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоКако мала сточарска населба, населението се занимава главно со сточарство.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia