Крџалиево
![]() Крџалиево, Крџалево, Крџалар или Крџилар (грчки: Άδενδρο, Адендро; до 1927 г. Κιρτζιλάρ, Кирѕалар[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во Солунското Поле, на 35 км западно од Солун. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Крџалиево било турски чифлик во Солунската каза, произлезен од вакуфот на Евренос-бег. В чифлика се отглеждат јачмен, пченица, пченка, боб и наут, како и овци, крави, биволи и коњи. Селаните ловеле риба и птици во Долното Езеро и Вардар. Околината на селото била наполно гола со исклучок на дрвата околу железничката станица (отворена во 1892 г.) и грмушарникот Кури. Подрачјето страдало од маларија, и многу семејства се преселиле во Коњари и Кулакија на крајот од XIX век поради лошите услови во чифликот.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Крџалиево (Крџалар) брои 250 жители Македонци и 35 Роми.[5][6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крџалиево (Kirdjalevo) имало 320 жители Македонци, сите под егзархијата.[5][8] Според грчки извори селото било вратено под Цариградската патријаршија од андартските чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[9] На крајот од XIX век во селото се доселиле мал број Власи.[10] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кирѕилар (Κιρτζιλάρ) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 165 жители (90 машки и 75 женски). Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 30 ученици (20 машки и 10 женски) со 1 учител.[4][11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканские војни Крџалево се состоело од 32 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Роми муслимани.[12] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 176 жители кои во 1920 г. нараснале на 241 лица.[3] Дел од населението се иселило и на негово място се доведени Грци од Мала Азија и Тракија. Во 1928 г. Крџалиево е претставено како мешано домородно-дојденско село со 143 дојденски семејства сочинети од 562 лица.[13] Според Тодор Симовски, таа година во селото се заведени 800 жители, од кои 143 Македонци.[3] По исушувањето на Ениџевардарското Езеро и по завршетокот на Втората светска војна селото станало трговски центар благодарение на железницата.[10] Кон порастот на населението придонело и доселувањето на жителите од соседното село Мустачево.[3] На 9 септември 2007 г. е отворена новата железничка станица, сместена северно од станбеното подрачје.[10] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia