Чохалари
Чохалари (грчки: Παρθένιο, Партенио или Παρθένος, Партенос; до 1926 година Τσοχαλάρ, Цохалар[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа во Солунското Поле, на околу 4 км јужно од Илиџиево. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Чохалари било чифлик во Солунската каза.[3] Се смета дека името се должи на тоа што во него се произведувало сукно (тур. чоха).[3][4] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1856 г.[5] На крајот од XIX атарот на Чохалари зафаќал површина од 560 хектари и му припаѓал на беговите Маслун и Саледин. Жителите се занимавале со земјоделство и сточарство, а воедно и риболов во водите на Долното Езеро и Вардар. Од 1892 г. натаму Чохалари го опслужувала железничката станица во Крџалиево.[3] Подрачјето страдало од маларија.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чолжелер броело 187 жители, сите Турци,[7] но ова е погрешно. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Чохаларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чохаларе (Tchohalare) имало 216 жител, сите Македонци под егзархијата.[9][10] На пописот од 1905 г. селото имало 109 жители со мешана црковна припадност.[3] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Цохалар (Τσοχαλάρ) било словенојазично село во Воденската митрополија со 180 жители. Во селото правела обиди грчката пропаганда — имало грчко основно училиште со 13 ученици и 1 учител.[11] Пред 1912 г. селото било чифлик, сопственост на муслиман и имало околу 150 жители „македонојазични“ христијани под Егзархијата и под Патријаршијата, како и 50 Роми муслимани.[4] По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во име на 15 егзархистички семејства да им се даде делот од селското училиште кој им припаѓа и да можат Св. Ѓорѓи|црквата која претходниот режим им ја предал на патријаршистички семејства.[12] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чувалари пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани и 10 куќи на Роми муслимани.[13] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 216 жители кои во 1920 г. се намалиле на 190 лица.[14] Во 1926 г. селото е преименувано во Партенос, во превод девица. Според една верзија, наречено е по селото Партенон во Мала Азија од кое дошол тогашниот чохаларски учител Калафатидис, а според друга, по цариградскиот патријарх Партениј.[4] Согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци. На пописот од 1928 г. Чохалари имало 239 жители[14], од кои 44 лица (17 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. Друг извор дели дека таа година имало 240 лица, од кои само 50 биле грчки дојденци од Понд. До 1935 г. во селото постепено се доселиле Власи и Каракачани. СтопанствоСелото лежи на добра земја која целосно се наводнува.[14] Жителите се занимаваат претежно со земјоделство, а по малку и со сточарство. Се одгледува ориз, пченка, памук, цвекло и шпарлги.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia