Караглово
Караглово или Кара Оглу (грчки: Καστανάς, Кастанас; до 1926 г. Καρά Ογλού, Кара Оглу[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 630 жители (2011). ГеографијаКараглово е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 38 км северозападно од Солун и 11 км североисточно од Куфалово.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот на XIX век Караглово било турско село во Солунската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Оглу (Караглово) живееле 150 Турци и 60 Роми.[4] Во тој период, Боривое Милоевиќ во селото завел 40 турски и 5 ромски куќи.[3] Во ГрцијаСе смета дека селото настрадало во Балканските војни бидејќи во 1913 г. не се спомнува како населба.[3] Истат година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По војните во селото се повратиле само малку жители , а властите доселиле грчки колонисти. Така, според сознанијата на Милоевиќ, за време на Првата светска војна селото имало 65 грчки доселенички и само 5 турски староседелски куќи.[3] Во 1918 г. во Караглово се забележани 300 жители, но во 1920 г. тие опаднале на само 92, бидејќи голем дел од грчките доселеници го напуштиле селото.[3] Во 1922 г. дошле уште доселеници, овојпат од никомедиското село Кестенапар (подрачјето околу Измит, Мала Азија)[5] Во 1924 г. малубројните преостанати Турци се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор, а властите довеле голем број грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанас. На пописот од 1928 г. Караглово се води како наполно дојденско село со 225 жители (56 семејства).[6] Најголемиот дел од жителите се дојдени од Понд, но има и мал број каракачани и тракиски Грци.[5] Во 1940 г. селото имало 456 жители, кои во 1951 г. нараснале на 521, а во 1961 г. — 617 лица. Во 1971 г. Караглово се смалило на 537 жители, кои во 1981 г. се накачиле на 618, за повторно да се смалат на 595 во 1991 г.[3] Во следните децении бројот на жителите бележи пораст, со 663 во 2001 и 625 во 2011 г.[5] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото е прилично богато бидејќи е во рамничарски и плоден предел. Населението произведува големи количества памук, бостан, жито и други земјоделски производи.[3] НастаниПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia