Според пописот од 1905 г. во селото имало 85 Македонци, сите под егзархијата.[2][3]
Во 1910 г. Сари Умер (Σαρί Ουμέρ) е заведено како село со 85 жители со сопствена национална свест и негрчка верска припадност.[7]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Сарамурово се состоело од 20 македонски куќи.[8]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Сарамурово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. населението броело 84 лица кои во 1920 г. се свеле на само 20.[1] во 1920-тите населението се иселило во Бугарија, а на негово место се доведени Грци од Понд и Источна Тракија. Така, во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, со 5 семејства сочинети од 16 лица.[9] Според други извори, таа година Сарамурово имало 28 жители.[1]
Малку подоцна населенито го напуштило селото поради отсуството на услови за нормален живот.[1]
Личности
Атанас Милушев Николов - Живко (20 мај 1908 - 1944) — иселеник во Пловдив со семејството за време на Првата светска војна, работи като арматурист, член на БКП от 1935 г., организира стачки на строителните работници, през зимата на 1943 - 1944 г. е партизанин в диверсионната чета, действаща в района на Свети Спас, през април 1944 г. се присъединява към бригадата „Георги Димитров“, убит[10][11]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN954-8187-21-3.