Ватилак
Ватилак (грчки: Βαθύλακκος, Ватилакос) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.316 жители (2011).[2] ГеографијаСелото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле, 30 км северозападно од Солун и а км северно од Каваклиево, крај магистралата Солун - Скопје (А1).[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1860 г. во селото е подигната црквата „Св. Никола“.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Варти лак (Varti-lac) било село со 257 домаќинства од 1.298 жители Македонци.[5][6] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ватилак (Кади Ќој) живееле 600 Македонци христијани.[5][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ватилак (Vatilak) имало 640 Македонци,[5] сите под врховенството на Бугарската егзархија, и во него работело бугарско училиште.[8] Во ГрцијаВо 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Иако прилично настрадал во Втората балканска војна, во Ватилак истата 1913 г. се заведени 412 жители, сите Македонци. Поради неподносливиот однос на грчкиот режим, во 1914 г. голем дел од населението се иселило во Бугарија, поради што на пописот од 1920 г. се избројани само 76 лица.[3] Во 1921 г. грчките власти доселиле неколку грчки семејства од Бугарија (Северна Тракија) и Источна Тракија.[2] Истата година е отворено грчко основно училиште.[2] Од доселениците, највеќето биле од смирненското село Севдиќој — околу 150 семејства.[2][9][10] Доведени се и Грци од други делови на Западна Мала Азија — Али Ага и Арап Чифлик во Менеменско, Колдере во Маниско, Чешнир во Бурсенско, и полуостровот Карабурун (Еритреја).[2] Во 1928 г. Ватилак е заведен како дојденско село со 250 семејства од вкупно 997 грчки доселеници.[11] Во 1940 г. нараснало на 1.483 жители, а во 1951 г. на 1.497. Во следните десетлетија продолжило да се зголемува — на 1.625 во 1961, 1.657 во 1971 и 1.852 во 1981 г. На пописот во 1991 г. во Ватилак живееле 2.138 лица, по што нивниот број во 2001 г. изнесувал 2.198, а во 2011 г. бил 2.136 лица. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоГлавно занимање на селото е одгледувањето на памук, жито, бостан и други земјоделски производи. Особено е развиено и краварството. Родени во Ватилак
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia