Дрмица
Дрмица (наречено и Дрмишта или Дурмушли грчки: Δέρμιτσα / Δουρμουσλή) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото запустување во 1927 г. било населено исклучиво со Македонци.[1] Географија и местоположбаОва било чифлигарско кое се наоѓало во Солунското Поле, на левиот на Вардар. Лежело северозападно од Топчиево и јужно од Доганџиево на 30 км северозападно од Солун и 7 км северозападно од Каваклиево. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“) го опишал Дрмишта како македонско село.[2][3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Дирмица (Dirmitza) се води како село со 25 домаќинства и 110 жители Македонци.[4][5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дрмица живееле 248 Македонци христијани.[4][6] На почетокот на векот во селото се наметнала бугарската пропаганда на образовен и духовен план. По податоци на секретарот на Бугарската егзаргија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Дрмица (Darmitza) имало 256 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија, а во селото работело и бугарско училиште.[4][7] Во ГрцијаСелото значително настрадало во текот на Втората балканска војна, поради што во 1913 г. не е ни спомнато како населба.[1] Наскоро потоа жителите почнале да се враќаат, така што во 1918 г. Дрмица броела 100 жители, за во 1920 г. да се намалат на само 20 жители. Во 1927 г. селото целосно се распуштило, бидејќи таа година е избришано од евиденција.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia