Бешички Бањи
Бешички Бањи или Лутра Волвис (грчки: Λουτρά Βόλβης, Лутра Волвис) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Месопотамо бил дел од општина Аполонија[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 27 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик, и излегува на Бешичко Езеро во неговиот југозападен дел. Селото се наоѓа на надморска височина од 60 метри. ИсторијаПознато е дека македонскиот цар Филип I на ова место изградил објекти за капење во 5 век п.н.е., кој биле во употреба и за време на византискиот период, како што било потврдено од страна на археолошките остатоци од византиска бања откриена во една од топлите извори на вода во областа. Кон средината на 1 век низ регионот во близина на селото Аполонија поминал Апостол Павле кој го ширел христијанството. Во текот на XVI век била изградена турска бања, која припаѓала на поголем комплекс составен од џамија и објекти од јавен интерес. Се смета дека комплексот бил изграден во времето на османлискиот везир Мехмед-паша Соколовиќ. Денеска, температурата на изворот е помеѓу 49 и 57 степени. Бањите се користат за лекување на ревматични заболувања, гинеколошки заболувања, болести на носната шуплина, болести на белите дробови, астма и дерматолошки заболувања. Во XIX век Бешички Бањи било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија. Во 1927 година селото било преименувано во Лутра Волвис[3]. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско село со 7 семејства и со 30 жители[4], додека во 1940 година селото броело 11 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 28 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 87 жители, во 1971 година имало 4 жители, во 1981 година имало 11 жители[5], додека во 1991 година имало 54 жители[6]. Денеска, населението на селото е 54 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia