Караџа
Караџа или Евангелисмос (грчки: Ευαγγελισμός, Евангелисмос) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неа Аполонија била дел од општина Егнатија[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 45 километри западно од Ставрос и 41 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на источниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри. Евангелисмос опфаќа површина од 21 квадратни километри[3]. ИсторијаВо XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија. Во 1928 година селото било преименувано во Евангелисмос. Денес, населението на селото главно се занимава со производство на памук, пченица и овошје. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 73 жители бегалци и со население од 270 луѓе[4], додека во 1940 година селото броело 449 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители[5] а во 2001 имало 1860 жители[6]. Денеска, населението на селото е 1851 жител според пописот од 2011 година. Денеска, населението на селото е 474 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia