Бамбакеш
Бамбакеш или Вамвакија (грчки: Βαμβακιά) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Вамвакија бил дел од општина Рендина[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 12 километри северозападно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 155 метри, северно од река Рендина, помеѓу Струмски Залив и Бешичко Езеро. ИсторијаВо XIX век Бамбакеш било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Грци[3]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 85 Грци и во селото работело грчко училиште[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија. Во 1927 година селото било преименувано во Вамвакија. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 30 семејства и со население од 141 луѓе[5], додека во 1940 година селото броело 203 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 236 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 311 жители, во 1971 година имало 268 жители, во 1981 година имало 232 жители, додека во 1991 година имало 245 жители[6] а во 2001 имало 252 жители. Денеска, населението на селото е 171 жител според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia