Аспровалта
![]() Аспровалта (грчки: Ασπροβάλτα) — гратче во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аспровалта била дел од општината Свети Ѓорѓија[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 78 километри источно од Солун и на 8 километри северно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на западниот брег од Струмски Залив во подножјето на Богданска Планина. Аспровалта опфаќа површина од 25 квадратни километри. ИсторијаАрхеолозите при археолошките ископувања утврдиле дека местото било населено уште од хеленистичкиот период и е познато дека во римско време Вија Егнација премувала низ регионот. Според еден документ од манастирот Симонопетра, населбата била изградена во почетокот на XVI век. Во XIX век Аспровалта било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 85 жители Турци[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија[4]. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско село со 98 семејства и со 347 жители[5], додека во 1940 година селото броело 505 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 785 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 670 жители, во 1971 година имало 691 жител, во 1981 година имало 1466 жители, додека во 1991 година имало 2366 жители[6] а во 2001 имало 2997 жители. Денеска, населението на селото е 2838 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia