Стролонгос
Стролонгос или Неја Мадитос (грчки: Νέα Μάδυτος; до 1927 г. Στρόλογγος) — село во Општина Бешик од Солунски округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 г. местото било дел од општината Стролонгос (Мадитос)[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 76 километри источно од Солун и на 14 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала. Селото опфаќа површина од 35 км2.[3]. ИсторијаВо XIX век Стролонгос било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 35 Грци[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија. ДемографијаВо 1928 година селото било мешано со 357 семејства и 1277 лица бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 1432 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1361 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 1521 жител, во 1971 година имало 1501 жител, во 1981 година имало 1371 жител, додека во 1991 година имало 1820 жители[7]. Денеска, населението на селото е 1621 жител според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia