Пазаруда
Пазаруда (грчки: Απολλωνία) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 59 километри источно од Солун и на 20 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала. Селото опфаќа површина од 32 км2.[3]. ИсторијаВо XIX век Моди било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 150 Грци[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија. ДемографијаВо 1928 година селото било мешано со 126 семејства и 344 лица бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 268 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 335 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 474 жители, во 1971 година имало 442 жители, во 1981 година имало 443 жители, додека во 1991 година имало 624 жители[7]. Денеска, населението на селото е 316 жители според пописот од 2011 година, додека заедно со Кокала бројот на населението е 590 луѓе. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia