Црндолски Водопад

Црндолски Водопад
Црндолски Водопад
Карта
МестоЦрн Дол, Малешевски Планини, Општина Пехчево, Македонија
Вкуп. висина6,7 м или 5 м[1][2]
Слапови1

Црндолски Водопадводопад на потокот Црн Дол кој е десната притока на Брегалница. Тој е еден од Пехчевските Водопади, висок е 6,7 метри, во подножјето има плиток природен базен (карпест котел или џиновски лонец).[3]

Местоположба

Црндолскиот Водопад се наоѓа на нешто повеќе од 10 км од градот Пехчево, околу 700 метри над вливот на Црн Дол во Брегалница во шумовит предел.[3]

Пристап

Од Пехчево до вливот на Црн Дол во Брегалница води асфалтен пат, а оттука до самиот водопад постои уредена пешачка патека со уредени места за одмор.

Туризам

Црндолскиот Водопад е слабо познат вон месни рамки. Заради добрата пристапност и уреденоста, жителите од околните населени места го користат за излети.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пехчевски Водопади“. berovoadventure.com. Архивирано од изворникот 2023-06-29. Посетено на 29 јуни 2023.
  2. „Петте Пехчевски Водопади станаа туристичка атракција“. Нова Македонија. 6 јуни 2023. Архивирано од изворникот 2023-06-29. Посетено на 29 јуни 2023.
  3. 3,0 3,1 „Да ги сочуваме Пехчевските Водопади додека не е предоцна!“. fakulteti.mk. 31.01.2019. Посетено на 29 март 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya