Каменичка Река
Каменичка Река или Каменица[1] — река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница. ГеографијаТечениеРеката извира на планината Осогово, под врвот Руен, на надморска височина од 1.840 м. Нејзиното течение продолжува покрај рудникот Саса, низ селото Саса, покрај селото Моштица и низ градот Македонска Каменица. Реката се влева во Брегалница на надморска височина од 445 м, преку вештачкото езеро Калиманци, каде што се образува мала делта.[2][3] ХидрографијаВкупната должина на реката изнесува 23 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 115 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.840 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 445 м, така што релативниот пад изнесува 60‰.[2] Во водите на реката е потврдено присуството на голем број опасни и штетни хемиски елементи, како што се: алуминиум, цинк, кадмиум, кобалт, манган, никел, олово и железо. Средните количества на алуминиум, кобалт, никел и железо се под МДК за води со квалитет од I-II класа, средните количества на кадмиум, манган и олово се под МДК за води со квалитет од III-IV класа, а средното количество на цинк е со трипати повисока вредност од МДК за води со квалитет од III-IV класа.[4] ГеоморфологијаСливното подрачје на Каменичка Река се смета за најерозивниот слив во Македонија со годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 151.167 W-м3. Како последица на ерозијата во сливот и преносот на ерозивниот материјал, во долниот тек на притоките се образувани огромни делувијални конуси од нанос,[5] а прекумерната ерозија исто така довела речното корито на Каменичка Река, слично како она на Радањска Река, да биде подигнато за 10-15 м.[6] Со цел да се задржи големиот нанос, во главното речно корито и притоките се изградени над 50 прегради.[7] Флора и фаунаВо тресетиштата околу изворите на реката е утврдено постоењето на неколку нови или ретки видови на дијатомејски алги од родот Евнотија.[8] СтопанствоРударствоПокрај течението на реката е сместен рудникот „Саса“, а во долината на реката во тоа подрачје е сместено и истоименото јаловиште коешто е долго 1,5 км, широко 200 м и високо од 40-60 м.[9] ЕнергетикаВо близина на селото Саса, по течението на реката е изградена мала хидроелектрана со инсталирана моќност од 1.200 kW.[10] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia