Варминско-мазурско Војводство
Варминско-мазурско Војводство (полски: województwo warmińsko-mazurskie) — војводство во Североисточна Полска. Главен и најголем град е Олштин. Војводството зафаќа површина од 24.192 км2 и има 1.443.967 жители (2014). Создадено е на 1 јануари 1999 г. од целото тогашно Олштинско војводство, западната половина на Сувалското и дел од Елблоншкото Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по двете историски области во него — Вармија и Мазурија. Војводството се граничи со Подлаското Војводство на исток, Мазовското на југ, Кујавско-поморското на југозапад, Поморското на запад, Висланскиот Залив на северозапад и Калининградската Oбласт (ексклава на Русија) на север. Кон почетокот на новиот век, подрачјето било дел од Полско-литванската Државна Заедица. Со првата поделба на Полска во 1772 г. овие области влегле во новосоздадената пруска покраина Источна Прусија како нејзин јужен дел. По Втората светска војна подрачјето е поделено помеѓу Полска и СССР, а сето староседелско германско население е насилно протерано во Германија. И покрај прогоните, денес сепак постои малобројно германско малцинство. Особено значење во војводството има Мазурското Поезерје, со преку 2.000 езера, меѓу кои и двете најголеми во земјата — Шњардви и Мамри. Меѓу препознатливите знаменитости се вбројуваат замоците како Лиѕбарчкиот, Пјењенежнскиот, Олштинскиот, како и Катедралниот Рид во Фромборк, каде живеел и работел астрономот Никола Коперник. Лиѕбарчкиот замок подоцна станал дом на Игнациј Красицки, наречен „Кнезот на полските поети“. Од посебно духовно значење се христијанските светилишта Швјента Липка во Мазурија и Гетшвалд во Вармија. Варминско-мазурското Војводство има најбројно украинско население во Полска[1], што се должи на присилните преселби спроведени од СССР и полската комунистичка власт. Најпознат од овие потфати е операцијата „Висла“. Градови и гратчиња![]() ![]() ![]() Војводството има 49 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]
Управна поделбаВојводството е поделено на 21 округ, од кои 2 градски и 19 земски. Тие пак се делат на вкупно 116 општини.
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
53°51′N 20°50′E / 53.850°N 20.833°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia