Подласко Војводство
Подласко Војводство (полски: województwo podlaskie) — војводство во Североисточна Полска. Се граничи со Мазовското Војводство на запад, Варминско-мазурското на северозапад и Лублинското на југ. На исток се Гродненската и Брестовската Област во Белорусија, на североисток се Алитушкиот и Маријамполскиот округ во Литванија, а на север е Калининградската Област, која е ексклава на Русија. Војводството е наречено по историската област Подласје (Подлаше). Во 2014 г. војводството имало 1.193.348 жители на површина од 20.180 км2. Главен град е Бјалисток. Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. согласно управната реформа усвоена претходната година, а сочинето е од дотогашните војводства Бјалисточко и Ломжанско, како и источната половина од Сувалското Војводство. НародностиПоради неговата местоположба, војводството се одликува со мешавина од култури, имено полската, белорускта, украинската и литванската. Денес се говорат претежно полскиот и русинскиот, додека пак литванскиот е западен меѓу малобројното литванско малцинство во Сејненскиот округ. Градови и грачињаВојводството има 40 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]
Управна поделба![]() ![]() ![]() Подлаското Војводство е поделено на 17 окрузи, од кои 3 се градски, а 14 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 118 општини.
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia