Поткарпатско Војводство
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Поткарпатско Војводство (полски: województwo podkarpackie) — војводство на крајиот југоисток на Полска. Седиште и најголем град е Жешув. Сè до 1945 г. оваа улога ја имал Лавов, кој потоа прешол во Украина. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Жешувско, Пшемишлско, Кросненско и (делумно) Тарнувско и Тарнобжешко, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по блиските планини Карпати и опфаќа две историски области — западниот и северозапдниот дел припаѓаат на Малополска, а остатокот е во областа Црвена Русија. Во меѓувоениот период (1918-1939), Поткарпатското Војводство бил во помалку развиениот дел на земјата. Кон средината на 1930-тите, полската држава отпочнала големоразмерна индустријализација, создавајќи го Централниот индустриски округ. Со програмата се основани неколку крупни фабрики за оружје како ПЗЛ „Мјелец“, ПЗЛ „Жежув“, „Хута Сталова Вола“ и разни производни заводи во Дембица, Нова Демба, Санок, Тарнобжег и Нова Сажина. Се граничи со Малополското Војводство на запад, Светокришкото на северозапад, Лублинското на север, Украина на исток и Словачка на југ. Зафаќа површина од 17.844 км2 и има население од 2.129.187 жители (2014). Војводството е претежно планинско, со исклучок на северозападниот дел, кој е рамничарски. Позначајни планини се Бјешчадите и Бескидите. Има висок степен на пошуменост (35,9 %) и во себе го опфаќа целиот национален парк Бјешчади и делови од националниот парк Магура. Градови и гратчињаВојводството има 50 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2008 година:[1]
Управна поделбаПоткарпатското Војводство е поделено на 25 окрузи, од кои 4 се градски, а 21 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 160 општини.
НародиНајчести презимиња
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
49°57′24″N 22°10′22″E / 49.95667°N 22.17278°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia