Малополско Војводство
Малополско Војводство (полски: województwo małopolskie) — војводство во јужна Полска. Зафаќа површина од 15108 км2 и има население од 3.406.000 жители (2014). Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Краковско, Тарнувско, Новосонченско и делови од Бјелското, Катовичкото, Келечкото и Кросненското, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Малополска, иако зафаќа само мал дел од неа. Историската област е значително поголема и се протега многу посеверно, сè до Радом и Шедлце, и опфаќа градови како Сталова Вола, Лублин, Келце, Ченстохова и Сосновјец. Го опфаќа просторот меѓу Светокришките Планини на север, Краковско-ченстоховската Јура на запад и Татрите, Пјенините и Бескидите на југ. Во управен поглед се граничи со Шлескотото Војводство на запад, Светокришкото Војводство на север, Поткарпатското Војводство на исток и Словачка на југ. Речиси сета Малополска му припаѓа сливот на реката Висла. Во 2000 г. Краков бил европска престолнина на културата. Градот има патни и железнички врски со Катовице (брз автопат), Варшава, Вроцлав и Жешув. Сместен е на важно минувалиште кое ги вкрстува патиштата од Дрезден за Киев и од Гдањск за Будимпешта. Тука е и вториот по големина аеродром во Полска — „Јован Павле II“. СтопанствоСтопанството на Малополското Војводство е повеќеделно, и ги опфаќа високата технологија, банкарството, хемиската и металуршката индустрија, рударството, производство на храна и пијалаци и тутунската индустрија. Најундустријализран град е Краков, каде, во Нова Хута, работи големата челичарница „Тадеуш Сенѓимир“ со дури 17.500 вработени. Во западниот дел се наоѓа другиот важен индустриски центар, сместен во околината на Хшанув (производство на локомотиви) и Ошвјенќим (хемиска индустрија). Краковскиот технолошки парк е специјална економска зона. Во војводството се регистрирани речиси 210.000 претпријатија (претежно мали и средни), од кои 234 се државни. До крајот на 2016 г. Малополското Војводство достигнало 18,3 милијарди долари во странски вложувања. Градови и гратчиња![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Војводството има 61 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]
Управна поделбаМалополското Војводство е поделено на 22 окрузи, од кои 3 се градски, а 19 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 182 општини.
Најчести презимиња
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
49°51′34″N 20°16′29″E / 49.85944°N 20.27472°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia