Википедија:WikiGap Skopje 2020
„WikiGap edit-a-thon Skopje 2020“ — локален настан во вид на уредувачки маратон на глобалната шведска иницијатива WikiGap со цел надминување на родовиот јаз, кој постои на самата Википедија и општо на семрежниот простор, кој е во организација на шведската амбасада во Скопје, здружението Споделено знаење, канцеларијата на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) во Скопје, како и други партнери од невладиниот сектор за збогатување на Википедија на македонски јазик со статии за познати жени од Македонија. Овој настан се одржува трета година по ред по првото издание на истиот во 2018 година и одржаното второ издание во 2019 година. Овој пат настанот ќе биде спроведен без физичко присуство на уредниците, поради распространетоста на пандемијата на коронавирус. Настанот ќе биде посветен на влијателните жени низ историјата кои работеле на полето на медицината. Настанот ќе се одржи на 30 септември 2020 година со почеток од 17:00 часот. На настанот учесниците ќе бидат воведени во работилницата, основите на уредувањето на Википедија и слободните лиценци, за потоа да следи уредувачки маратон. Заднина![]() Википедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има околу 47 милиони статии на 299 јазици, а македонското јазично издание има над 107.000 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого. Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите. Затоа, шведската амбасада со поддршка на Споделено знаење (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон за зголемување на бројот на текстови за влијателни жени од Македонија или од светот. Што е WikiGap?Wikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 13.000 нови или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1.600 учесници во педесетина земји до сега беа вклучени во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици. Што е уредувачки маратон?Уредувачките маратони (edit-a-thons) се настани на коишто заедниците, од типот на Википедија и други партнерски организации уредуваат содржини или подобруваат специфични теми или содржини. Пред настанот![]() Ви благодариме што ни се придружувате заедно да придонесеме за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во интернет енциклопедијата Википедија на македонски јазик. Корисни информацииИскусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на целата заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. На самиот настан, присутен ќе биде тимот на Споделено знаење одговорен за Википедија на македонски јазик, кои ќе помогнат со техничките аспекти и со секое ваше прашање. Основни столбови на ВикипедијаПетте основни столбови на Википедија се:
Пишување статииСоздавањето на статија на Википедија е многу слично на пишување есеј, бидејќи вклучува наслов и поднаслови, текст и извори. Википедија има енциклопедиски стил на пишување и статиите се со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења. ВеродостојностКога го пишувате текстот и насловите, мислете на тоа што е битно, а што не, и користете што е можно повеќе веродостојни извори. Сите информации треба да се лесно проверливи. Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија. Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако мрежното место специфично не го тврди спротивното. ФотографииНајголемиот дел од фотографиите кои се најдени на интернет се заштитени со авторски права и не можат да бидат користени на Википедија. Фотографиите кои се користат најдобро би било да се преземени од Заедничката Ризница (сестрински проект на Википедија), складиште на слободни фотографии поради услови за фер користење. КатегорииПоврзување со други статии кои се на слична тема како за таа која пишувате е исто така пожелно. Секоја статија би требала да биде поврзана со најмалку една категорија (на пр. Борки од Втората светска војна). ИзвориОрганизаторите ќе обезбедат некои релевантни извори и книги, но доколку имате ваши извори земете ги со вас. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, како и онлајн извори. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор. Социјални медиумиСлободно споделувајте го настанот на социјалните медиуми пред, за време и по настанот со тарабната ознака #WikiGap и #WikiGapSkopje. Можете да го користите логото прикаченo на оваа страница. WikiGap Skopje 2020На овој настан ќе се подобруваат теми и содржини на тема „Влијателните жени низ историјата кои работеле на полето на медицината“, односно ќе се обидеме да ја унапредиме родовата еднаквост и да ја подобриме застапеноста на жените на онлајн светот. Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:
Распоред
ZoomНајава на платформава преку следнава врска: тука (Meeting ID: 841 157 4792; Passcode: 888). Содржина за уредување статииПодолу следи список на предложени теми за уредување статии на биографии на жени, составен од наслови кои ги нема на Википедија на македонски јазик, како и додатен список на статии кои се оскудни и треба да се подобрат. Волонтерите можат да изберат од овие два списока, но и да уредуваат статии за жени по свој избор, за кои имаат релевантни извори. Најдолу на оваа страница е достапна и предлог-структура за изглед на биографска статија, која ќе го олесни уредувањето. Пред уредувањетоЗадолжително: Секој учесник на маратонот да се пријави на следнава врска со своето корисничко име за да може да се следат неговите придонеси. Одберете си статијаЗа создавање или подобрување на статиите на биографии на жени може да се користат другите јазични изданија на Википедија, како и дигитализирани и други материјали.
Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја архивата на Собранието на Македонија, од која се извадени одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик или пак истите може да се дополнат. (архива на пратеници во Собранието)
Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја Македонската енциклопедија (не сите статии се од полето на медицината), од која се извадени одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик. (книгите може да се најдат тука)
Следува список на статии предложени од партнерските организации и самите учесници.
Користете ја алатката WikiGapFinder за да најдете предлози за жени кои ги нема достапни на македонски јазик, доколку преведувате статии од друг јазик. Список на учесници
Уредувачка седмица за родов јазПо завршувањето на настанот следува отпочнување на седмица посветена за надминување на родовиот јаз. Оваа уредувачка седмица ќе отпочне во среда (30 септември 2020) во 21:00 часот и ќе трае до наредната среда (7 октомври 2020) во 21:00 часот. За највредните корисници ќе следуваат награди обезбедени од шведската амбасада и од партнерската организација МладиХаб. Прочитајте ги правилата и земете учество! Костур на статија{{Инфокутија за личност | име = | портрет = | опис = | родено-име = | роден-дата = <!-- {{роден на|20|јуни|1920}} --> | роден-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-дата = <!-- {{починал на и возраст|df=yes|гггг|мм|дд|гггг|мм|дд}} (прво дата на смрт, а потоа дата на раѓање) --> | починал-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-причина = | националност = | познат = <!-- овде треба да стои по што е позната личноста --> | наставка = а | занимање = | сопружник = | татко = | мајка = | родители = | роднини = | деца = }} '''име''' ({{родена на|дд|јуни|гггг}}, во {{родена во|град}} — {{почината на|дд|октомври|гггг}}, {{почината во|град}}) — [[Македонија|македонска]] .<ref>{{МакЕнц|231|Бучим|I}}</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) --> == Биографија == == Наводи == {{наводи}} {{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:презиме, име}} [[Категорија:Луѓе од град]] [[Категорија:Македонски ]] Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia