Географија на Исланд
МстоположбаИсланд е островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Се наоѓа северозападно од Велика Британија. Исланд е најсеверната точка на Европа. ГранициВкупната површина на земјата изнесува 102.819 км2, и според тоа се наоѓа на 107-то место по големина во светот, а како остров го зазема 18-тото место. Главниот град Рејкјавик е најголемиот во државата со околу 102 000 жители. НаселениеСпоред пописот, вкупното население во Исланд е околу 316.252 жители. Густината на населеноста е 3 жит/км2. КлимаВисорамнина (400 до 800 м) со вулканско потекло, највисок врв Ерајвајекидл, 2.119 м. Од 140 вулкани, 26 се активни (Гримсвотн, Лаки, Хекла...). Над 13.000 км2 се покриени со ледници, од кои најголемиот Ватнајекул зафаќа 8.460 км2. Забележлива е присутноста и на голем број гејзири, од кои најсилниот исфрла вода до 100 м височина. Хидрографија: реки — Нордирау, Тјоурсау, Квитау; езера — Ми, Тоурис, Тингвадла, Квитаур. Климата во Исланд во јужните области е влажна атлантска со свежи лета и благи зими, а во внатрешноста супполарна. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia