Географија на Обединетото Кралство![]() Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е островска држава во северозападна Европа. ГранициВкупната површина на земјата изнесува 244,820 км2[1], и според тоа се наоѓа на 70 место по големина во светот. Главниот град Лондон е најголемиот во државата со околу 7 500 000 жители. НаселениеСпоред пописот од 2022 година, вкупното население во Обединетото Кралство е околу 66,940,559 жители[2][3][4]. Густината на населеноста е 246.5/км2 жители на квадратен километар. КлимаКлимата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната полутопка на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот. Tаа има атлантска клима. Зимите се магливи, а летата се свежи и врнежливи. Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета. Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја, ја прават климата потопла отколку што треба да биде толку северно. Климата во Велс е под влиание на планините и на блиското море затоа зимите се благи а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег. Најпознати реки во Велика Британија се Темза, Клајд. Гамбер и Цеверн. За време на прилив нивото на реките се издига. Пример со реката темза.за време на приливот лондон е пристаништен град. Освен копнената граница со Република Ирска, Велика Британија е опкружена со вода. Јужно од Англија измеѓу Велика Британија и Франција се наоѓа Англискиот канал или Ламанш испод кој се наоѓа тунел кој ги спојува Велика Британија и Франција. На исток е Северно Море, западно од Велс се наоѓа Ирско Море, додека Шкотска и северозападната област на Северна Ирска излегуваат на Атлантски Океан. Вкупната површина на Велика Британија изнесува околу 244,820 km2 , должината на областа изнесува 8,257 км, а копнената граница 360 км. Велика Британија има околу 125 км. Надморска височина. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia