Географија на СловенијаСловенија е држава која се наоѓа во јужниот дел од Средна Европа.[1][2] ГранициВкупната површина на земјата изнесува 20.273², и според тоа се наоѓа на 153 место по големина во светот. Земјата граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север. Главниот град Љубљана е најголемиот во државата со околу 537,893[3] жители. НаселениеСпоред пописот, вкупното население во Словенија е околу 2,124,709[4] жители. Густината на населеноста е 99.6/km2 жители на квадратен километар. КлимаВо Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динаридите, Панонската Низина и Средоземјето. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2.864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри. Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е средоземна во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia