Географија на Португалија
Португалија е држава на западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Ова е најзападната земја во континентална Европа. ГранициВкупната површина на земјата изнесува 92.345 км2, и според тоа се наоѓа на 110-то место по големина во светот. Се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантскиот Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантскиот Океан, вклучувајќи ги Азорите и Мадејра. Главниот град Лисабон е најголемиот во државата со 567,131[3] жители. НаселениеЗемјата има население од околу 10,639,726[4] жители. Густината на населеноста изнесува 114 жит/км2. КлимаПортугалија е една од најтоплите држави во Европа со атлантско-средоземна клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите се спуштаат до -5 °C. Врнежи од снег има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на северот и 18 °C на југот. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доро (Дуеро). ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia