Географија на Шпанија![]() Шпанија е земја која се наоѓа на Пиринејскиот Полуостров, во Југозападна Европа.[1] ГранициВкупната површина на земјата изнесува 505,990 км2[2], и според тоа се наоѓа на 51 место по големина во светот. Земјата го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземната страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велез и Алхукемас, и малиот Парсли Остров. Шпанија зазима 83% од вкупната плоштина на Пиринејскиот Полуостров. Таа е трета најголема држава во Европа, по Украина и Франција. Нејзините морски граници изнесуваат 4 964 километри преку кој Шпанија ги поддржува врските со останатите држави. Таа излегува на два водни базени, јавувајќи се како средоземна и атлантска држава. Нејзината граница со Франција е долга 623 километри, а со Андора 64 километри, Португалија 1 214 километри, Мароко 15,9 километри преку градот Сеута. Главниот град Мадрид е најголемиот во државата со околу 6,211,000[3] жители. НаселениеСпоред пописот, вкупното население во Шпанија е околу 48,946,035[4] жители. Густината на населеноста е 90/km2 жители на квадратен километар. КлимаШпанија се наоѓа во умерениот појас, чиј релјеф и клима многу се разликуваат, во зависност од местото. Често, за климата во Шпанија се вели дека е средоземна. Но, таа се јавува само на југ и исток.
На исток и југ, каде преовладува средоземната клима, средните месеќни температури се движат од 13 °C до 25 °C. Летата на овие региони се топли, суви со максимални температури до 48 °C. Така, овој дел има најголем број на сончеви денови во Европа. Зимите се умерени. На северозапад, климата е постудена и температурите се движат од 8-20 °C. Во Централна Шпанија, каде климата е континентална, температурите се движат од 3-23 °C, но во зимните периоди тие можат да паднат и под О°C Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia