Глаголска л-форма во македонскиот јазикГлаголска л-форма — една од повеќето прости глаголски форми во македонскиот јазик. Глаголската л-форма го има добиено својот назив по основната одлика, односно според завршетокот на глаголите. ОсобеностиКако што веќе е напоменато, името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка -л. Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број[1]. Кај глаголите од а-група постои само една форма како на пример „копал“. Глаголите од е-група и и-група често образуваат по две л-форми како на пример „станал/станел“ или „паднал/паднел“. Од примерите може да се дојде до заклучок дека постојат свршени и несвршени л-форми од несвршени и свршени глаголи. Едната л-форма изразува свршено дејство (пр. станал) додека другата несвршено дејство (пр. станел).[2] УпотребаГлаголска л-форма најмногу се употребува кога сакаме да прераскажеме некому нешто, без разлика дали сме го чуле тоа, прочитале, или пак некој ни го кажал. На пример, мојот пријател ми вели: „Татко ми беше брашнар. Го работеше тој занает долго време“. Значи мојот другар ми раскажа за неговиот татко. Тој очигледно ја знае приказната за татко му, а јас не ја знам бидејќи не сум бил таму. Сега, ако сакам да го прераскажам тоа на некој или напишам, ќе биде: „Татко му бил брашнар. Го работел тој занает долго време“. Што учиме од ова? Учиме дека ја користиме формата кога не сме биле физички таму за време на настанот. Примери: „Леле, колку си пораснал!“; „Што си правел во Гевгелија?“ Глаголска л-форма се употребува и кога поставуваме и одговараме хипотетички прашања . На пример: „Ако би бил џин, што би направил?“; „Јас би скокнал мошне високо.“ Друга употреба е кога претпоставуваме нешто. На пример: „Претпоставувам чуварите веќе го фатиле бегалецот“. ОбразувањеСпоред образувањето на л-формата се изделуваат глаголи од е-група со о-раздел. Тука се јавуваат[1][2]:
Во однос на употребата се изделуваат несвршени л-форми од свршени глаголи (пр. дојдел). Тие не се самостојни туку одат со некои сврзници и партикули како на пример со ако, да ќе и слично. Така се образува фраза „ако дојдел“, а не „јас дојдел“.[1] Покрај основната функција, со оваа глаголска форма се градат и одредени сложени глаголски форми како на пример минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време и можен начин.[2] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia