Минато-идно време во македонскиот јазикМинатото-идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Ова време е конкретно по тоа што со него се искажува идно дејство, но од минат глаголски вид и идното дејство не се искажува во сегашноста. Ова време се формира со честичката ќе со кое се искажува идноста на времето и минато определено несвршено време на глаголот со кое се искажува минатиот глаголски вид.[1] ОбразувањеМинатото-идно време се образува со ставање на честичката ќе пред глаголот. Глаголот кој следи по честичката е во минато определено време, кој пак може да биде од свршен и несвршен вид, односно минато определено свршено и минато определено несвршено време.[1] Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:
Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:
Одречните форми на минатото-идно време се образуваат со партикулата не (не ќе викав) или со глаголот нема во форма за трето лице еднина во минато определено несвршено време и да-конструкција (немаше да викам, немаше да викаме)[1]. Употреба![]() Минатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него[1]. Ова време има слични значења со идното време. Неговото присуство посебно е забележливо во условните реченици за искажување нереален услов (пр: Да знаев, ќе кажев.) и во речениците во кои се набројуваат повторливи, последователни дејства што се случувале во минатото (пр: Ќе земев сол, ќе турев во солта малку вода...)[1] НаводиПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia