Независносложени реченици во македонскиот јазикНезависносложените реченици се подгрупа на сложените реченици. Независносложените реченици го добиле своето име според нивната најголема одлика, односно составните дел-реченици се независни една од друга во смисловен и функционален поглед. Независносложените реченици се дела на две поголеми групи, односно во едната група спаѓаат сите независносложени реченици во кои врската меѓу дел-речениците е потесна, и втората група ги вклучува оние реченици во кои врската меѓу дел-речениците е полабава.[1] Независносложени реченици со потесна врскаНезависносложените реченици со потесна врска меѓу дел-речениците се делат на три подгрупи, и тоа: составни независносложени реченици, спротивни независносложени реченици и разделни независносложени реченици. Составни независносложени реченициСоставните независносложени реченици се реченици кои имаат содржини кои се поврзани едни со други на различна основа, како на пример според вршителот на дејството, според времето или местото на дејството и слични одлики. Типично за овие реченици е користење на сврзници кои се карактеристични за дејството кое е искажано и такви сврзници се и, ни, ниту, па, та, не само што - туку и.[1] Најчесто користен сврзник е сврзникот и. Овој сврзник во вакви реченици се користи кога се поврзуваат две реченици во кои се искажуваат истовремени дејства.
Исто така, сврзникот и се користи за искажување дејства кои следат едноподруго.
Доста често, кога има реченици со дејства кои се случуваат едноподруго, едното дејство или реченица се смета за последица од другото дејство или реченица и во такви случаево се додава и зборот затоа.
Во случај да помеѓу двете реченици да има спортивен однос, тогаш покрај и се додава и зборот пак.
Сврзниците ни и ниту се користат да се искажат одречни реченици.
Сврзниците па и та се користат да се сврзат дејства што следуваат едноподруго, но и дејства каде второто дејство произлегува од првото.
Сложениот сврзник не само што - туку/ами/но/ама и се јавува и во негативна форма не само што - туку/ами/но/ама и не.
Составните независносложени реченици со сврзници и, ни, ниту, не само штотуку и не се одделуваат со запирка. Пред сврзниците па и та обично се пишува запирка. Независносложени реченици со полабава врскаНезависносложените реченици со полабава врска меѓу дел-речениците се сложени реченици кои се добиле по пат на нижење на повеќе дел-реченици. Кај овие реченици врската помеѓу дел-речениците е полабава и пофлексибилна. Независносложените реченици се делат на две подгрупи, и тоа: исклучни независносложени реченици и заклучни независносложени реченици.[1] Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia