Минато неопределено несвршено време во македонскиот јазикМинатото неопределено несвршено време (МННВ) или перфект од несвршени глаголи — сложена глаголска форма во македонскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект, поконкретно во македонистиката перфект од несвршени глаголи. Минатото неопределено свршено време е функционира слично како англискиот сегашен перфект т.е. present perfect continuous. Карактеристично за ова време е образувањето со глаголска л-форма од глаголот кој се менува[1]. Ова време е многу слично со минатото неопределено свршено време, но разликата е во видот на глаголот. Карактеристично за македонскиот јазик е тоа што перфектот од свршени и несвршени глаголи развил две паралелни форми. Едната форма, која е застапена во сите македонски говори, се прави со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма и често овој перфект се нарекува „сум-перфект“. Втората форма се образува со помошниот глагол „има“ и глаголска придавка, и овој перфект често се нарекува „има-перфект“. Има-перфектот е почесто застапен во западните македонски говори и двете форми имаат скоро иста функција во реченицата и времето. ОбразувањеМинатото неопределено несвршено време се образува со сегашното време на помошниот глагол сум и глаголската л-форма на менуваниот глагол. Глаголот кој се менува во ова време е секогаш од несвршен вид, по кој е и добиено името перфект. Важно е да се напомене дека за трето лице еднина и множина нема форма на помошниот глагол сум. Помошниот глагол сум во ова време се користи поради тоа што глаголската л-форма е нелична т.е. нема лице[2]. Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за сум-перфект изгледа вака:
Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за има-перфект изгледа вака:
Употреба![]() Минатото неопределено несвршено време се користи за изразување минато дејство без да се укаже или да се определи конкретниот момент на одвивање на дејството. Поради тоа времето се нарекува „неопределено“. Формите на ова време се употребуваат за прекажување или за директно кажување на дејството. Под директно кажување се мисли на наши мисли или искуства, додека под прекажување се мисли на прераскажување туѓи мисли или настани[3]. Ова време е слично со минатото неопределено свршено време, но разликата е во самиот глагол, односно тука глаголот и дејството не се свршени. Примери за основното значење на времето се следните реченици:
Покрај оваа основна употреба, времето се користи за искажување и на:
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia