Минато определено несвршено време во македонскиот јазикМинатото определено несвршено време (МОНВ) во македонскиот јазик или познато и како имперфект е граматичко време кое македонскиот јазик го користи за искажување на минато засведочено дејство. Ова време се образува со шест различни наставки за личните заменки и за трите глаголски групи. ОбразувањеМинатото определено несвршено време се образува со додавање на наставки на соодветното лице. Наставките се додаваат на основната самогласка а кај глаголите од а-глаголска група и на основната самогласка е кај глаголите од е и и глаголска група. Наставките кои се користат за образување на ова време се[1]:
Следува табеларен приказ на промената на три глаголи од трите глаголски групи во минато определено несвршено време:
Од самата промена на глаголите се гледа дека второто и третото лице еднина имаат иста наставка и дека основната самогласка кај глаголите од и-глаголска група преоѓа во е: лови −> ловев. Наставката -ја се јавува кај глаголите од е и и-глаголска група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка, па така имаме: мие −> миеја, пее −> пееја итн[1]. Употреба![]() Минатото определно несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. Ова значење се изкажува со формите од несрвшените глаголи[1]. Форми на минато определено несвршено време имаат и свршените глаголи (како на пример винев, кажев), но тие не се самостојни туку одат со сврзници како: ако, да, ќе и имаат други значења како на пример: услов, идност во минатото и слично[1]. Покрај основната употреба, ова време има и второстепени значења како[1]:
НаводиПоврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia