Градец (Виничко)За други значења на поимот, погл. Градец.
Градец — село во Општина Виница, кое се наоѓа во самото подножје на планината Плачковица, во околината на градот Виница. Географијa и местоположба![]() Селото се наоѓа на 4 километри јужно од градот Виница, на падините на планината Плачковица, на надморска висина од 510 метри. Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 59 км2, во чии рамки доминираат шуми со површина од 4.141,2 ха, потоа следуваат пасишта со 1.264,1 ха и обработливо земјиште со 423,1 ха. Атарот се издига до сртот на Плачковица, каде што се граничи со териториите на општините Карбинци и Радовиш. Со оглед на тоа дека селото се наоѓа на оддалеченост од неколку километри од Виница, Градец припаѓа на рурбалната зона на ова централно место.[2] Низ селото тече Градечка Река, којашто е значајна за наводнувањето на Виничко Поле, а претставува и извор за производство на електрична енергија. Во април 2011 година е изготвен урбанистички план со кој е планирано изградба на нова населба Градец, којашто се предвидува да биде расположена на просторот меѓу Градец и Виница.[3] СтопанствоНаселението во селото главно се занимава со земјоделство и лов. Во поглед на земјоделството, селото има мешовита функција.[2] Во непосредна близина на селото, во правец кон планината Плачковица, се наоѓа МХЕ „Градечка Река“, којашто има моќност од 0,7 MW. Акумулацијата на реката е изградена на околу 2 км од централата. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 700 жители, сите Турци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Турци.[5] Разгледувајќи го бројот на населението во текот на XX век, за Градец може да се забележи дека тоа покажува стабилност и постојаност на бројот на своите жители, кој постојано е над 1.000 жители. Според пописот во 1948 година, во селото живееле 1.513 лица; додека најголем број на жители е забележан на пописот во 1953 година, кога во селото живееле 1.639 лица. По 1953 година е забележан пад на бројот на населението во селото, па така на пописот во 1971 тоа изнесувало 1.132 лица, што претставува најмал број на населението на некој од спроведение пописи. Бројот на населението на пописите по 1971 години се одржувал на нивото од околу 1.200 жители. Според пописот од 2002 година, селото имало 1.245 жители, од кои 1.215 Македонци, 21 Ром и 9 Турци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.013 жители, од кои 758 Македонци, 6 Турци, 161 Ром, 4 останати и 84 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГрадец е македонско село, а порано било чисто турско село. Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се Турски
Ромски
Македонски муслимани
Македонски Православни
Самоуправа и политикаСелото припаѓа во рамките на Општина Виница, во чијшто состав е според сите административни поделби од 1952 година. Во периодот од 1950 до 1952 година, истото претставувало посебна општина во рамки на Кочанската околија. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 315 и 315/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.125 гласачи.[14] Општествени установи![]() Во селото се наоѓа подрачно училиште на ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Покрај тоа, во селото има дрводелска, односно автомеханичарска и лимарска работилница, амбуланта, продавници и угостителски објекти.[2] Културни и природни знаменитости
Во селото исто така може да се забележат остатоци од минаре, што укажува на тоа дека во минатото во него имало џамија. ИселеништвоПреку 150 турски семејства се имаат иселено во Турција. Потомците на иселените Турци од селото се наоѓаат во градот Ак-Хисар и неговата близина (само во селото Суљманли се иселени околу 60 семејства).[12] Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia