Селото Виничка Кршла, се наоѓа на североисточната страна на градот Виница, селото е распрскано на поголема територија над реката Драгобраштица. Од централното градско подрачје е оддалечено 5 км. Селото, односно Кршлата, по која го носи името започнува од источниот излез на градот.[2]
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
Доселеници:Јуруци (8 к.), Мечкарци (4 к.), Газарци (3 к.) и Ташовци (1 к.) првите три рода се најстари во селото, доселени се однекаде; Газарци (5 к.), Насевци (3 к.) и Анаќијовци (2 к.) доселени се од селото Драгобраште; Божанци (4 к.) доселени се од селото Илиово кај Делчево. Го знаат следното родословие: Блажо (жив на 49 г. во 1959 година) Ефтим-Арсо, кој се доселил во селото; Туријчани (2 к.) доселени се од селото Турија кај Делчево; Трајановци (2 к.) и Чакалци (1 к.) доселени се од селото Грљани; Митрашинци (1 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово; Катанци (3 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[11]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“