Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
Антовци, Велиновци, Горномалци и Спасевци. Сите заедно имаат (40 к.) Тука се доселил некој човек кој го викале Учкун. Тој се доселил во почетокот од XIX век од селото Криволак во Тиквеш. Од таму избегале тројца браќа. Првиот во Крушево, вториот во Трсино, а третиот во Драгобраште.[2]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 323 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
Дефово Градиште — градиште од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, на височинка што се издига на десниот брег на реката Железничка. На зарамнетото плато, кое има димензии од 150 × 50 м, се гледа големо количество на расфрлен градежен материјал (камен, покривни ќерамиди, тули), како и фрагменти од керамички садови. Бедемот што го опкружувал градиштето е зачуван на повеќе места во темелите.
↑ 2,02,12,2Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
↑Податоците за населеното место Крушево (Виница), согласно важечката територијална организација, во Пописот од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Драгобраште.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“